Жоан Лапорта имал големи планови кога седнал во претседателската фотелја на Барселона, сакал да го врати Нејмар на Камп Ноу. Како што објави РАЦ1, биле испратени двајца емисари во Париз да го убедат Бразилецот.
Наводно Нејмар им признал дека „умира да се врати во Барселона“ и да игра повторно со Лео Меси.
Но кога еден од шеиците од ПСЖ дознал за ова, веднаш реагирал и префрлил 20 милиони евра на сметка на таткото на Нејмар. Парите биле дадени „под рака“ бидејќи исплатата не била од сметките на ПСЖ.
Нејмар потоа стави потпис на нов договор со „светците“ а на крајот и му се исполни желбата одново да игра покрај Лео Меси, Аргентинецот се пресели во Париз како слободен играч.






