Американскиот државен обвинител Тод Бланш изјави дека прелиминарните наоди укажуваат дека осомничениот ги нападнал членовите на администрацијата на Трамп и дека самиот претседател Доналд Трамп бил „веројатна цел“. Се очекува Ален денес официјално да биде обвинет за напад врз федерален службеник и употреба на огнено оружје при извршување на насилно кривично дело, а Бланш најави дека дополнителни федерални обвиненија ќе следат подоцна.
Полицијата во неделата потврди за Си-би-ес њуз, американскиот партнер на Би-би-си, дека осомничениот е задржан во градска полициска станица во северозападен Вашингтон. Во текот на денот ќе биде префрлен во притворен центар во југоисточниот дел на главниот град.
Помалку од еден час по инцидентот, претседателот Трамп, објави на својот профил на социјалната мрежа Трут соушл: „Напаѓачот е уапсен“. Подоцна сподели фотографија на која се гледа апсењето на осомничениот.
На фотографијата се гледа човек без маица како лежи со лицето надолу на тепих, со рацете врзани со лисици зад грб, додека зад него стојат тројца припадници на обезбедување.






