понеделник, 27 април 2026

Познато е колку заработи Саве за светскиот рекорд во маратон

Кениецот, Себастијан Саве, вчера испиша историја, стана првиот човек кој истрча маратон под два часа во официјална трка, а тоа му донесе и убава финансиска награда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На маратонот во Лондон учествуваа 59.000 тркачи, а Саве беше најбрз со фантастично време од 1:59:30. Тој го собори светскиот рекорд кој дотогаш изнесуваше 2:00:35 часа.

Интересно, вчера под два часа истрча и второпласираниот Јомиф Кејелча, тој делницата ја мина со време од 1:59.41.

Сите победници на Лондонскиот маратон (во машка и женска конкуренција, како и во трките во инвалидски колички) добиваат основна награда од 40.000 фунти, односно околу 46.000 евра. Второпласираниот добива 24.000 фунти (27.700 евра), но Саве заработи значително повеќе благодарение на бонусите.

Секој натпреварувач кој ќе заврши под 2:02:00 (мажи) или 2:15:00 (жени) добива дополнителни 128.000 евра.

Дополнително, за соборување на светскиот рекорд Саве инкасираше 106.000 евра, како и бонус од 21.500 евра за нов рекорд на Лондонскиот маратон.

Сметката на Саве се зголеми за вкупни 302.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ