понеделник, 27 април 2026

НБА го казни Никола Јокиќ

Никола Јокиќ доби казна за инцидентот кој го направи на минатиот меч против Минесота, за среќа на Денвер, Србинот треба да плати само парична глоба, нема суспензија, па може да игра на следниот меч.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ ќе треба да плати 50.000 долари, а кошаркарот на Минесота, Џулиус Рендал е казнет со 35.000 долари.

Инцидентот се случи во последните секунди од мечот кога Џејден Мекдениелс од Минесота неспортски поентираше додека екипите се поздравуваа за крај. Јокиќ му се пушти и се создаде тепачка на теренот.

Според соопштението на НБА, Јокиќ „го иницирал инцидентот со тоа што се соочил со Мекдениелс и го турнал“, додека Рендл „ја ескалирал ситуацијата со агресивно однесување и туркање на центарот на Нагетс, Брус Браун“. На двајцата играчи им беа доделени технички фаули и беа исклучени од натпреварот.

Минесота води со 3-1 во серијата против Денвер и им недостасува само една победа за пласман понатаму.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ