вторник, 28 април 2026

Проблем за Милевски, Адеми се повреди, неизвесен е за дуелот со Германија

Објавено на

часот

Сподели

За време на мечот против Оријент во купот на Хрватска, капитенот на Динамо Загреб се пожалил на болки во бутниот мускул поради што побарал да биде заменет.
 
Во следните неколку денови ќе бидат направени тестови по кои ќе се знае за каква повреда точно се работи и колку дена пауза ќе му биде потребна на Адеми.
 
Македонија на 8. октомври му гостува на Лихтенштајн, а на 11. октомври ја пречекува Германија во Скопје.
 
Адеми поради повреда ги пропушти дуелите со Ерменија, Исланд и Романија. Сега се стравува дека може да се случи истата приказна.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ