Чекањето заврши, почнува уште една сезона во Лигата на шампионите, 32 екипи поделени во осум групи ја почнуваат битката за трофејот со големи уши.
Денеска дербито е во Барселона, Каталонците на Камп Ноу го пречекуваат Баерн Минхен од кој немаат убави спомени.
Бранителот на трофејот, Челси го пречекува Зенит, а Манчестер јунајтед со Кристијано Роналдо му гостува на Јанг Бојс.
Утре на програмата се два дерби меча, во Милано Интер игра со Реал Мадрид, а на Енфилд ќе се сретнат Ливерпул и Милан.
Наш претставник во Лигата на шампионите е Бобан Николов кој го носи дресот на Шериф Тираспол и изминатиот викенд го имаше своето деби за молдавскиот клуб.
Распоред за 1. коло во ЛШ:
Вторник 14.9.2021
18:45 Севиља – Салцбург
18:45 Јанг Бојс – Манчестер јунајтед
21:00 Барселона – Баерн Минхен
21:00 Челси – Зенит
21:00 Динамо Киев – Бенфика
21:00 Лил – Волсбург
21:00 Малме – Јувентус
21:00 Виљареал – Аталанта
Среда 15.9.2021
18:45 Бешикташ – Борусија Дортмунд
18:45 Шериф Тираспол – Шахтар
21:00 Атлетико Мадрид – Порто
21:00 Клуб Бриж – ПСЖ
21:00 Интер – Реал Мадрид
21:00 Ливерпул – Милан
21:00 Манчестер Сити – Лајпциг
21:00 Спортинг Лисабон – Ајакс






