понеделник, 27 април 2026

Пелегрини: Сè е поразлично откако дојде Мурињо, имам некое чувство кое претходно сум го немал во Рома

Објавено на

часот

Сподели

Пелегрини синоќа постигна два гола во победата на Рома над ЦСКА Софија со 5-1. Под водство на Мурињо, Римската Волчица има шест победи од шест официјални натпревари и дадени 19 голови.

Капитенот Пелегрини е еден од најдобрите на теренот под водство на Мурињо, игра импресивно, а деновиве треба да стави и потпис на нов договор.

Тој вели дека по доаѓањето на Португалецот сè е поинакво во Рома.

„Мурињо многу, многу ми помогна да напредувам во мојата игра. Можам само да му се заблагодарам за тоа што го направи. Му должам многу. Но ова е само почеток, тој мора да продолжи да нè подобрува сите“, вели Пелегрини.

„Оваа година има нешто посебно во Тригорија кое не сум го почувствувал претходно. Мора да уживаме колку што е можно и да го комплетираме нашето напредување. Овој напредок не смее да заврши доколку во иднина сакаме да освоиме нешто“.

„Сè е променето. Се движиме добро офанзивно и дефанзивно. Има нешто посебно што го чувствувате кое го немав почувствувано откако се вратив во Тригорија. Ќе се обидеме да го извадиме најдоброто од оваа ситуација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ