понеделник, 27 април 2026

Ниту еден фудбалер на Гибралтар не сакал да замени дрес со Халанд: По тоа што му го направи на нашиот капитен…

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот од овој месец, Норвешка го пречека Гибралтар во квалификациите за СП 2022, Ерлинг Халанд е најзвучното име во редовите на домаќините, но ниту еден гостински фудбалер не сакал да го размени дресот со ѕвездата на Борусија Дортмунд.

„Никој не сакаше да го размени дресот со Халанд, сите го одбивме“ – раскажува Рис Стич, кој настапува за англискиот седмолигаш Хеднесфорд Таун.

„Кога го игравме првиот меч во март, нашиот капитен Рој Чиполина го побара дресот од Халанд. Норвешка тогаш победи со 3-0 но Халанд не погоди, беше изваден од игра по еден час игра и не беше расположен поради ваквиот развој на настаните“.

„Кога двајцата завршија со ТВ интервјуата, Рој му рече, „Моето дете е твој огромен фан, сакаш да ги размениме дресовите?“ Халанд само го погледна, се насмевна и си замина!“

„Може да купи многу работи, но не може да купи класа. Веројатно славата му удри во глава“.

„Имаше шанса да му го разубави денот, месецот или годината на едно мало дете а тој одби да го стори тоа. Па затоа никој не сакаше да размени дрес со него на реваншот во Осло. Не знам што направи со дресот, можеби го зачувал бидејќи постигна хет-трик или пак го дал на некој фан на Норвешка бидејќи ова беше нивниот прв домашен натпревар со публика“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ