вторник, 28 април 2026

Наполи рутински против Каљари за шест од шест, Елмас доби 20 минути (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Наполитанците“ го задржаа 100% учинок, вечерва пред своите навивачи рутински го совладаа Каљари со 2-0 за шест од шест и 18 бода на врвот на табелата.

Резултатот беше отворен во 11. минута, Ангиса одлично го уфрли Зелински, кој испрати остра топка во петерецот за Осимен да реализира за 1-0.

Дилемите беа решени по десетина минути игра во второто полувреме, Годин наивно стартуваше врз Осимен и направи пенал, а Инсиње погоди од белата точка за 2-0.

Елиф Елмас натпреварот го започна од клупата за резерви, доби шанса во второто полувреме и на теренот помина дваесетина минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ