понеделник, 27 април 2026

На фудбалерите на Манчестер јунајтед им било срам да јадат торта кога виделе што има во чинијата на Роналдо

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо во последниот ден од преодниот рок се врати на „Олд Трафорд“ и изминатиов викенд го имаше своето второ деби во дресот на Манчестер јунајтед со два гола во победата од 4-1 над Њукасл.

Неговото влијание може да се почувствува и надвор од терените, голманот Ли Грант раскажа како ниту еден фудбалер не сакал да земе десерт на вечерата пред натпреварот со Њукасл.

„Ќе ви дадам еден пример какво е неговото влијание врз момците. Во петокот вечерта, во хотелот, како што знаете, кога ќе завршите со вечерта, имате десерт. Имаше пита со јаболка, брауни со крем и слични работи. Ниту еден играч не се осмели да земе пита со јаболка, ниту еден играч не се осмели да земе брауни… сите срамежливо седеа“ – вели Ли Грант во разговор со Токспорт.

„Еден од момците ме праша, „Што има Роналдо во чинијата?“ Очигледно само здрава храна. Останав зачуден како ниту еден фидбалер не се осмели да земе „џанк-фуд““.

Запрашан да објасни што имало во чинијата на ЦР7, тој додава: „Всушност имаше неколку чинии. Во едната имаше киноа, авокадо и неколку варени јајца“.

„Роналдо има неверојатно тело, всушност второто најдобро тело зад мене“ – заврши резервниот голман со насмевка на лицето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ