понеделник, 27 април 2026

Милито: Во групната порака му ги честитаме сите победи на Мурињо

Објавено на

часот

Сподели

Диего Милито беше еден од фудбалерите кои со Жозе Мурињо ја освои тројната круна со Интер.

Познато е дека фудбалерите на Интер од таа сезона имаат групна порака во која е и Жозе Мурињо. 

„Би сакал да го видам повторно во Интер, но Рома е идеално место за него и неговиот тим сега станува се послен и посилен. Мурињо е посебен, единствен. Веќе можете да видите како реагираат фановите на Рома“, вели Милито.

„Точно е дека таа групна порака (од освојувачите на тројната круна) се уште постои и таму комуницираме. После секоја победа на Мурињо му честитаме“.

„Во Рома гледам одличен тим и мислам дека можат да се борат за Скудето, но има повеќе конкуренти. Секако дека Интер е еден од нив“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ