понеделник, 27 април 2026

Манчестер јунајтед на продажба става седум фудбалери, „ѓаволите“ ќе прибираат пари за засислувања

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ изминатово лето потрошија околу 125 милиони фунти на засилувања, пристигнаа Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо. Ваквиот активности на трансфер пазарот придонесоа да нема место во буџетот за нов дефанзивец од средниот ред. Па затоа Манчестер јунајтед е подготвен во јануари да продаде седум фудбалери за да се приберат средства.

Како што пишуваат медиумите од Англија ќе се бара купец за Антони Марсијал, Дони ван де Бек, Џеси Лингард, Фил Џонс, Ерик Баји, Диего Далот и Алекс Телеш.

Се работи за играчи на кои Оле Гунар Солшер нема да смета многу во продолжението од сезоната, сите заедно имаат поминато околу 250 минути на терените во првите пет натпревари.

Што се однесува до засилувањата, прва желба на Манчестер јунајтед е Деклан Рајс од Вест Хем, за кого се верува дека ќе бидат потребни 100 милиони фунти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ