Трите нерешени средби на Македонија донесоа нов пад на ФИФА ранг листата, отидовме две позиции подолу и сега сме на 74. место.
Пред почетокот на Европското првенство бевме на 62. место, отогаш досега имаме пад за вкупно 12 позиции.
Од нашитие ривали во групата послаби се само Ерменија (89) и Лихтенштајн (188). Најдобра е Германија (14), следуваат Романија (42) и Исланд (60).
Првото место го држи Белгија, во топ десет се уште и Бразил, Англија, Франција, Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.






