„Сините“ изминатово лето се обидоа да донесат засилување за одбраната, во последните денови од преодниот рок имаа обид да го ангажираат Жул Кунде од Севиља, но зделката не се реализираше.
Последните информации велат дека Челси може да си ја проба среќата на друго место откако Ромелу Лукаку препорачал двајца играчи.
Фудбалерот од Белгија го советувал раководството на клубот од Стемфорд Бриџ да ангажираат еден Милан Шкрињар и Алесандро Бастони. Напаѓачот добри ги познава нивните квалитети откако две сезони делеа соблекувална во Милано.






