вторник, 28 април 2026

Левандовски ја доби „Златната копачка“ : Идоли ми се родителите, секој ден после работа ме носеа на тренинг

Објавено на

часот

Сподели

Со 41 погодок во сезоната 2020/21, Роберт Левандовски беше најдобар стрелец во Европа и попладнево ја доби наградата „Златна копачка“.

Запрашан кој фудбалер му бил идол, Полјакот вели: „Кога бев млад, се огледував на Тјери Анри“.

„Но вистински идоли ми се родителите, кои се жртвуваа и секој ден после работа ме носеа на тренинг и првенствено се обидуваа да ме направат среќно дете, а потоа професионален фудбалер“.

Роберт Левандовски често е дел од трансфер шпекулациите и во минатото во неколку наврати се поврзуваше со Реал Мадрид.

„Точно е дека се имам сретнато со Флорентино Перез и тоа повеќе од еднаш. Паметам еднаш разговаравме по натпревар против Реал Мадрид. Но не можам да ви откривам детали од разговорот“.

„Во моментов немам планови да се испробам во друго првенство, целосно сум фокусиран на Баерн. Секогаш ќе има шпекулации, но имам играно против клубови од други земји во Лигата на шампиони, не ми треба да се испробувам во други првенства“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ