Реал Мадрид имаше серија од пет победи, во средата шест пати ја тресеше мрежата на Мајорка, но избраниците на Карло Анчелоти вечерва одиграа само 0-0 против Виљареал.
„Жолтата подморница“ се прикажа во солидно светло на „Сантијаго Бернабеу“, не му остави многу простор на Реал Мадрид за игра а креираше и неколку добри шанси, но Куртоа не дозволи да биде совладан.
„Кралевите“ притиснаа во финишот, Иско се најде во добра прилика, биеше со глава но голманот Руљи одбрани, па бодовите беа поделени.






