понеделник, 27 април 2026

Клатенбург раскажа за денот кога со копачка го гаѓал Мурињо: Остана стаписан, не знаеше што да ми каже

Објавено на

часот

Сподели

Марк Клатенбург важеше за еден од најдобрите судии во Премиерлигата и Европа, но и тој честопати бил критикуван од тренерите и играчите, кои се жалеле од неговите одлуки.

Во својата автобиографија, Марк Клатенбург раскажува за еден инцидент со Жозе Мурињо од јануари 2017. Манчестер јунајтед одиграл само 1-1 на гостувањето против Стоук, па по крајот на натпреварот, „специјалниот“ влегол во соблекувалната на судиите да се жали за недосуден пенал.

Марк Клатенбург толку многу се изнервирал од однесувањето на Жозе Мурињо па фрлил копачка во правец на Португалецот.

„Не прикинуваше, продолжуваше да зборува, да зборува… Му реков, „Замолчи човеку“. Потоа ја земав копачката и ја фрлив, заврши во ѕидот до него. Му реков, „Излегувај од мојата соблекувална, излегувај!“. Мурињо се стаписа бидејќи јас одлепив, не ми беше гајле за ништо. Не знаеше што да ми каже. Ми дојде преку глава од сите тие глупави психолошки игри“ – вели Марк Клатенбург, кој додава дека по овој инцидент почнал да размислува за крај на кариерата.

„Одлуката што ја донесов беше исправна, на повторените снимки убаво се гледа дека нема пенал. Таа вечер кога си легнав, ми беше јасно дека ми е доста од се, си помислив, „Повеќе не можам да се замарам со вакви идиоти““.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ