вторник, 28 април 2026

Јувентус ја победи Сампдорија, деби гол за Локатели (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Алегри шанса му даде на Перин од првата минунта наместо на Шчесни, но Јувентус и 20. натпревар по ред во Серија А не ја сочува мрежата.
 
Јувентус добро го почна мечот во 10. минута Дибала постигна убав гол за водство од 1-0.
 
Но само десет минути подоцна Дибала со солзи во очите поради повреда го напушти мечот, на негово место влезе Ккулушевски.
 
Во 43. минута Бонучи од пенал го зголеми водството на Јувентус на 2-0, но во следната минута погоди Јошида за 2-1 и не дозволи домаќините да се одлепат.
 
Во 57. минута по едно добро додавање од Кулушевски, Локател постигна гол за водство на Јувентус од 3-1, тоа беше негов прв гол во црно-белиот дрес.
 
На седум минути пред крајот, Кандрева даде гол за 3-2 и интересен финиш на мечот, но до крајот Јувентус успеа да го одбрани водството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ