понеделник, 27 април 2026

Историска победа за Шериф и Николов, Дортмунд со триумф се враќаа од гостувањето кај Бешикташ

Објавено на

часот

Сподели

Историска прва победа за Шериф во Лигата на шампионите, молдавскиот тим продолжува да реди сензации. По импресивните квалификации, победува и во главниот дел од натпреварувањето. Беа подобри од Шахтар.

Мечот го отвори Траоре уште во 16. минута од мечот, а Јансане во 62. минута ги постави конечните 2-0.

Бобан Николов во игра влезе во 85. минута и ги одигра завршните минути од овој натпревар.

Со три бода стартуваше и Борусија Дортмунд која со 2-1 славеше на гостувањето кај Бешикташ.

Головите за германскиот тим ги постигнаа главните млади ѕвезди. Отвори Белингам во 20. минута, а по негова асистенција во судиското продолжение од првиот дел Халанд погоди за водство од 2-0.

Во вториот дел Борусија Дортмунд пропушти неколку големи шанси и на крај малку фалеше да направи од готово – вересија. Во судиското продолжение по асистенција на Пјаниќ, Монтеро даде гол и намали на 2-1.

Турскиот тим имаше уште четири минути да се спаси од пораз, но не успеа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ