понеделник, 27 април 2026

Хет-трик на Бензема, Камавинга влезе и даде гол, Реал ја совлада Селта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид со пресврт во вториот дел славеше со високи 5-2 против Селта. Гостите одиграа одлично во првото полувреме, поведоа со 0-1 со голот на Мина во 4. минута, а откако Бензема изедначи на 1-1, Черви во 31. минута ја врати Селта во водство од 1-2.

Сепак, случувањата на теренот беа многу поразлични во продолжението од мечот.

Бензема на стартот од вториот дел погоди за 2-2, а Винисиус во 54. мнунта донесе предност за „кралевите“ од 3-2.

Новото засилување Камавинга потоа се запиша во листата на стрелци по само пет минути поминати на теренот и една одбиена топка ја смести во мрежата за 4-2.

Во финишот од мечот, Бензема реалзираше пенал за хет-трик и конечни 5-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ