понеделник, 27 април 2026

Челси и Ливерпул пет кола имаат исти резултат, „сините“ со 0-3 го добија дербито со Тотнем (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Челси и Ливерпул пет кола имаат исти резултати и гол разлика 12-1, вечерва „сините“ со 0-3 си заминаа од гостувањето кај Тотнем.

По прво полувреме без погодоци, резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Тијаго Силва скокна највиско по еден корнер и донесе предност од 0-1.

Во 57. минута, Канте зголеми на 0-2. Французинот биеше од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден од играчите на Тотнем, го смени правецот и заврши во мрежата.

Конечниот резултат беше поставен во последните минути од мечот, Рудигер беше во улога на напаѓач, одлично се отвори да прими топка на 11 метри и биеше прецизно за 0-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ