Болоња испадна и од Купот на Италија каде во првото коло загуби од тимот од Серија Б, Тернана, но потоа фудбалерите на Михајловиќ освоија седум бода од три меча во Серија А.
Сепак, понижувањето во Милано од Интер е разочарувачко за фановите и раководството кои по долго време размислуваат да се разделат со Михајловиќ.
„Тутомеркатовеб“ тврди дека Болоња сака да го замени Михајловиќ со Де Роси.
Даниеле Де Роси беше асистент на Манчини, но го напушти стручниот штаб на Италија по завршувањето на Европското првенство и сега е во потрага по својата прва работа како самостоен тренер.






