Јувентус го освои вториот бод оваа сезона, Милан за првпат не победи.
Натпреварот не можеше да почне подобро за Јувентус, уште во четвртата минута дојдоа до водство со гол на Мората по асистенција на Дибала.
Израмнувањето стигна на 15 минути до крајот, кога по еден коренер Ребиќ постигна гол со глава за израмнување на 1-1.
Во 86. минута Калулу имаше фантастична шанса да му донесе победа на Милан, но Шчесни со прекрасна интервенција го спаси својот гол.
По четири одиграни кола Милан е на второто место со десет бода колку што има и Интер но тие имаат подобра гол разлика. Јувентус е на 18. место со само два бода.






