вторник, 28 април 2026

Барса и да сака не може да го избрка Куман, нема пари за нов тренер?!

Објавено на

часот

Сподели

Изминативе денови имаше многу гласини за иднината на Роналд Куман, по тешкиот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампиони, следуваа киксови против Гранада и Кадиз. Се пишуваше дека Холанѓанецот ќе добие отказ, но Жоан Лапорта не се реши на еден ваков чекор.

Барселона синоќа со 3-0 го совлада Леванте, па притисокот малку се намали. Последните информации велат дека Роналд Куман се уште е тренер поради финансиската ситуација на Камп Ноу, Барса нема пари да го избрка стратегот.

„Каталонците“ го надминуваат лимитот за плати поставен од Ла Лига, буџетот важи и за фудбалерите и тренерите, па наследникот на Роналд Куман нема да може да биде регистриран.

Барселона или ќе треба да ги зголеми приходи или пак да ја намали сметката за плати, и доколку ова не се случи, ќе биде многу тешко да се ангажира нов тренер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ