понеделник, 27 април 2026

„Алаба сонуваше за Барса, го прашав дали ќе преговара со претседателот или стечајниот управник“

Објавено на

часот

Сподели

Давид Алаба летово го напушти Баерн Минхен и се пресели во Реал Мадрид, фудбалерот од Австрија рече дека сон му било да го облече белиот дрес. Но Ули Хенес сега излезе со друга верзија, почесниот претседател на „баварците“ вели дека дефанзивецот сонувал за настап во Барселона.

Тој исто така ја искористи оваа ситуација за да испрати провокација до „каталонците“ кои се во тешка финансиска ситуација и долг од преку една милјарда евра.

„Алаба ми рече, „Сон ми е еден ден да игра во Барселона“, а јас го прашав дали ќе преговара со нивниот претседател или со стечајниот управник“ – вели Ули Хенес.

„Барселона повеќе не ни е модел кој сакаме да го следиме“.

За тоа кој е фаворит на вечерашниот дуел на Камп Ноу, Хенес додава: „Баерн е фаворит бидејќи Барса не може да биде топ клуб по продажбата на најдобрите играчи и еконмските проблеми“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ