Нашиот познат бодибилдер, Зафиров успеа да влезе во финалето и во категорија „Про” се закити со пехар освојувајќи го петтото место во силна конкуренција. Неговата сопруга Габриела освои титула трета на светот во категоријата „Фитнес бикини +35″ во конкуренција на 20 девојки, а беше четврта во категоријата Велнес и петта во категорија фитнес бикини до 163 см.
Исто така освои и седмо место во категоријата спорт модел, каде во конкуренција беа над 20 натпреварувачки.

Брачната двојка Зафирови вежбаше постојано и во време на пандемијата со ковид-19 и беа првите Македонци кои што отидоа на Мистер Олимпија во САД. Следен предизвик за двајцата ќе биде повторно овој натпревар кој ќе се одржува во Орландо, Америка.

Спортската двојка 2019 ја заврши со 20 пехари, меѓу кои и злато, а успеси имаа и минатата година, кој ги продолжија и во 2021.

За нив буквално не постои пречка која што може да ги запре кога станува збор за напорните тренинзи во теретана и предизвиците кои им ги носат натпреварите.

Нашата држава, велат Зафирови се сака со дела, а доказ за тоа е македонското знаме кое со гордост го носат на секој наптревар.
К.Д.






