Втората трка во Австрија не донесе изненадување, Макс Верстапен одново домонираше и го забележа својот прв „гренд слем“ во кариерата. Холанѓанецот стигна до пол позиција, победи, го имаше најбрзиот круг и беше во водство од прв до последен круг.
На возачот на Ред Бул во прилог му одеше и малиот пех на Луис Хамилтон, кој заврши на позицијата број четири, па сега Макс Верстапен има 32 бода повеќе од својот ривал во битката за титулата.
Валтери Ботас финишираше како втор, а Ландо Норис одличниот викенд го комплетираше со место на пидесталот.
Карлос Саинц заврши како петти откако во претпоследниот круг го претекна Даниел Рикардо и остана во 10 секунди зад Серхио Перез, кој доби две казни од по 5 секунди откако во два наврати го истурка Шарл Леклер во борба за подобра позиција.
Во бодови денеска уште завршија и Пјер Гасли и Фернандо Алонсо.






