петок, 24 април 2026

Претседателот на МОК стигна во Токио, сѐ поизвесни се Олимписките игри без публика

Објавено на

часот

Сподели

Бах ги избегна камерите на аеродромот Ханеда и отиде во седиштето на МОК во Токио, кој се наоѓа во хотел со пет ѕвезди во центарот на градот. Се очекува тој да остане во самоизолација следните три дена, објави АП.

Бах пристигна само две недели пред почетокот на одложените Олимписки игри. МОК и организаторите се обидуваат да обезбедат одржување на натпреварите за време на пандемијата и покрај противењето на јапонската јавност и здравствената заедница.

Владини претставници предложија план за прогласување вонредна состојба во Токио од понеделник до 22 август. Олимписките игри почнуваат на 23 јули и завршуваат на 8 август.

Главниот фокус е на барањето да се затворат кафулињата, рестораните и караоке-баровите што служат алкохол. Се очекува на жителите на Токио да им биде наредено да останат дома и да го следат натпреварувањето на телевизија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ