четврток, 23 април 2026

Марко Пејчиновски повторно го преплива Охридското езеро (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По повод празникот Свети Наум, малиот Марко Пејчиновски одлучи уште еднаш да го преплива Охридското езеро. 
 
Тој ја пливаше делницата од Охрид до Свети Наум која успеа да ја помине за нешто повеќе од 14 часа.
 
Марко стана познат на македонската јавност кога пред три години, на 12 годишна возраст и покрај здравствените проблеми (некроза на ногата), успеа да преплива од Охрид до Свети Наум. Сега го повтори тој голем подвиг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ