Луис Хамилтон во февруари ја продолжи соработката со Мерцедес, но само на една година, па имаше многу прашалници за иднината на Британецот.
Сепак, Луис Хамилтон сега ги реши сите дилеми откако стави потпис на нов двегодишен договор и ќе биде дел од „сребрената стерла“ во 2022 и 2023 година.
Медиумите пишуваат дека Британецот со овој договор одново ќе заработува 40 милиони фунти по сезона, откако оваа година мораше да прифати плата прилагодена на новата ситуација и кризата која ја донесе пандемијата на ковид-19.






