Пред настап на Европско првенство, Одбојкарската федерација на Македонија одлучи да го смени селекторот кој ги донесе најголемите успеси во овој спорт за нас досега. На местото на Никола Матијашевиќ, беше назначен Душко Николиќ.
Капитенот Никола Ѓоргиев е гневен поради оваа одлука на ОФМ и смета дека таа е неправедна.
„Срамота и греота е! Две Европски првенства… Пред четири години сонувавме за ЕП. Изгледа со некои луѓе во ОФМ сѐ е можно. Браво!“, напиша Ѓоргиев на социјалните мрежи.






