Најдобриот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ со 6-3, 6-4 и 6-4 го победи Фучович и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.
Таму ќе игра против Шаповалов кој со 3-2 беше подобар од Качанов.
Настапот на Вимблдон го заврши Роџер Федерер кој со 3-0 беше поразен од Хуркач. Швајцарецот загуби со 6-3, 7-6 и 6-0.
Хуркач во полуфиналето ќе игра против Беретини кој со 3-1 беше подбар од Аже Олиасим.






