петок, 24 април 2026

Државата не го решава спорот во пливањето, пливачите трпат, се таложат нови проблеми

Објавено на

часот

Сподели

Проблемите во пливањето траат веќе со години, а државните институции постојано одбиваат да ги решат, да пресечат и конечно да кажат кој е кој. Времето минува, а последиците ги сносат пливачите. Спортот наместо да е фер поле за натпревар меѓу најдобрите, во Македонија тој често станува борба за некои ситни лични интереси од кои најмногу страдаат спортистите.
 
Националната пливачка федерација преку соопштение ги кажа новите проблеми со кои се соочува и побара од институциите конечно да го решат проблемот. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
 
„Почитувани, 
 
Во периодот од 06 до 11 Јули, 2021 година во Рим, Италија ќе се одржи Европско Младинско Првенство во пливање на кое ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. 
 
Националната Пливачка Федерација ги потврди освоените норми за учество во младинската репрезентација за овој сериозен пливачки шампионат определени од страна на Одборот за пливање како највисокото стручно тело на федерацијата и усвоени на Управен одбор на федерацијата. 
 
Тимот со исполнети норми за учество на ЕП во Рим е: 
– Миа Блажевска Еминова со 741 Фина бодови 
– Ева Петровска со 732 Фина бодови 
– Илија Стојановски – тренер на тимот како тренер на пливачка која има најмногу Фина бодови. 
 
За жал Ева Петровска поради здравствени причини нема да настапи. 
 
Поради низа на нерешени проблеми, незаинтересираност за решавање на проблемите во пливањето од страна на институциите задолжени за спорт во државата и толерирање на лажни двојни федерации се создадоа идеални услови и плодна почва за манипулација од страна на одредени личности кои долги години вегетираат и прават проблеми во пливачкиот спорт, а овој пат при самиот состав на репрезентации и нанесување на огромни последници во пливачкиот спорт на Македонија. 
 
Имено, злоупотребувајќи го хаосот кој го прави поранешниот претседател на Федерацијата во делот на лажно претставување пред Европиската пливачка Федеарација, а користејќи го познанството со истиот, г-дин Методија Ангелески, тренер-претседател на ПК Скопје се поставува како тренер на тимот за ова ЕП иако нема пливач во тимот со исполнета норма, а при тоа го дополнува списокот со пливач од својот клуб кој има исполнето недоволни 601 Фина бод и кој за жал е далеку од потребната норма а при тоа истиот му е роден внук. 
 
ПОТСЕТУВАЊЕ: Македонија има одлични кадети со над 600 Фина бодови како што се Петар Атанасовски ( 624 Фина бодови ) Јован Јанковски ( 616 Фина бодови ) или Јана Милковска ( 604 Фина бодови ) 
 
Ваквиот чин на упад во репрезентацијата на г-дин Методија Ангелески не само што е дрзок и нефер туку е сериозно скандалозен и трагичен. Овој однос кон репрезентацијата е свесно уништување на целокупниот систем на работа во кој пливачите треба да останат мотивирани со успех и резултат да копнеат за влез во репрезентацијата, а самиот повик во истата да биде свето чувство на благодарност и одговорност за понатамошен успех во пливањето. Ова е системско уништување на пливањето во Македонија. 
 
Овој срамен, дрзок, неспортски и неколегијален однос на спортскиот работник Методија Ангелески ќе биде детално презентиран пред Дисциплинската комисија на Националната Пливачка Федерација и за истиот ќе биде покрената соодветна постапка. 
 
Апелираме до надллежните државни институции за спорт конечно да се вразумат и да го прекинат односот на толерантност кон лица кои лажно се претставуваат и истото го користат за сериозна штета на иднината на нашиот спорт и сите деца кои макотрпно работат и се трудат достојно да ја претставуваат Македонија. 
 
Наша задача и цел е заштита на сите наши пливачи, работа во фер, спортска и тимска атмосфера почитувајќи го начелото и принципот за влез во репрезентација на најдобрите и оние кои исполнуваат критериум за влез во истата. 
 
Со надеж дека ќе проработи разумот и свеста и ќе означиме крај на толеранцијата на вакви груби манипулации и презентирања на лажни вредности побудени од себични лични интереси. 
 
Спортски поздрав“.
 
 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ