четврток, 23 април 2026

Доминантна победа на Верстапен во Австрија, Хамилтон немоќен

Објавено на

часот

Сподели

Макс Верстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман на +18 во однос на Луис Хамилтон со триумф на ГН на Австрија. Холанѓанецот доминираше, беше на чело од колоната од прв до последен круг и стигна до четвртата победа оваа сезона.

Луис Хамилтон беше немоќен, актуелниот шампион во ниту еден момент не ја загрози позицијата на ривалот и во претпоследниот круг влезе во бокс по нови гуми за да добие еден екстра поен за најбрзо време.

Последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас, кој не можеше посериозно да се замеша во битката за врвот откако синоќа доби три места казна за извртувањето во боксот на слободниот тренинг во саботата.

Серхи Перез мораше да се задоволи со позицијата број четири а во бодови уште завршија Ландо Норис, Карлос Саинц, Шарл Леклер, Ленс Строл, Фернандо Алонсо и Јуки Цунода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ