петок, 22 мај 2026

Втора шанса за Спејекс: Ракетата откажана пред очите на светот, Маск најави нов старт

Американската компанија Спејсекс, во сопственост на милијардерот Илон Маск, објави дека денес повторно ќе се обиде да ја лансира својата 12-та ракета „старшип“ од Тексас.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според планот, лансирањето требаше да се случи во четврток, но беше откажано, пренесува Ројтерс.

Старшип В3, без екипаж и со десетици надградби прилагодени за брзо лансирање на сателитите „Старлинк“ и мисијата на НАСА на Месечината, требаше да биде клучен тест за возилото по месеци одложувања на тестирањето.

Спејсекс на Елон Маск помина месеци редизајнирајќи го „старшип“ по серијата неуспеси минатата година, што кулминираше со дизајнот В3 чие лансирање беше закажано за четврток.

Спејсекс го откажа лансирањето во четврток неколку секунди пред закажаното полетување по повеќекратни паузи во одбројувањето предизвикани од мерењата на температурата и притисокот на горивото.

Маск на социјалната мрежа Икс изјави дека хидрауличниот клин на една од џиновските механички рачки на лансирната кула не се повлекол како што е дизајнирано.

Како што најави, уште еден обид за лансирање ќе биде направен денес во 17:30 часот по локално време.

Спејсекс се занимава со производство на вселенски летала, носечки ракети и обезбедување услуги за вселенски транспорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ