понеделник, 12 мај 2025

Вселенското летало Космос 482 неконтролирано паѓа кон Земјата

Советското вселенско летало Космос 482, кое беше лансирано во 1972 година за истражување на Венера, наскоро ќе падне на Земјата на неконтролиран начин, тврдат научниците. Сè уште е рано да се знае точно каде ќе падне, но се очекува тоа да се случи на 10 мај, пренесува Гардијан.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Холандскиот научник Марко Лангбрук предвидува дека ова вселенско летало, кое не успеа да ја напушти орбитата во 1972 година поради дефект на моторот, ќе падне назад на нашата планета со брзина од 240 километри на час. Под услов да не согори во атмосферата.

Не дека нема никаков ризик, но не треба да бидеме премногу загрижени. Објектот е релативно мал и дури и ако не се распадне по влегувањето во атмосферата, ризикот е сличен на случајните удари од метеорити, кои се случуваат неколку пати годишно. Постои поголем ризик да ве удри гром. Ризикот е мал, но не смее целосно да се игнорира, изјави Лангброк.

Вселенското летало Космос 482 тежи околу 500 килограми. Поголемиот дел од самата капсула, која е кружна и има дијаметар од еден метар, веќе паднал на земја. Главното тело се наоѓа во елипсовидна орбита веќе 53 години и сега почна да ја губи орбитата.

Многу е можно вселенското летало Космос 482 да го преживее влегувањето во атмосферата бидејќи е изградено да ја издржи густата атмосфера на Венера, изјави Лангброд, експерт од Технолошкиот универзитет во Делфт.

Научниците се сомневаат дека падобраните на леталото сè уште работат, но можно е штитот да преживеал. Како што вели Џонатан Мекдауел од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан, би било подобро штитот да се распадне бидејќи ако тоа не се случи, од небото би паднал метален објект од половина тон.

Можно е вселенското летало Космос 482 да заврши во океанот, но пресметките сè уште не се завршени.

Космос 482 беше лансиран на 31 март 1972 година. Леталото требаше да стигне до Венера и да биде дел од слична мисија на Венера 8, која беше лансирана 4 дена пред неа. Сепак, поради проблеми со ракетниот погон, тој остана во Земјината орбита, каде што е и оттогаш. Првите делови од вселенското летало паднаа на Земјата на 3 април 1972 година, во Нов Зеланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ