понеделник, 4 мај 2026

Синдромот на скршено срце е реален

Синдромот на скршено срце не е само емоционален израз, туку вистинска медицинска состојба препознаена во модерната медицина. Станува збор за ретка, но сериозна болест која најчесто се појавува по силен емотивен или физички стрес.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Иако симптомите може да личат на срцев удар, кај овој синдром крвните садови на срцето не се блокирани. Проблемот настанува поради ненадејно зголемување на хормоните на стрес, што може да предизвика привремено слабеење на срцевиот мускул и промени во неговата функција.

Експертите предупредуваат дека е важно да се реагира брзо бидејќи состојбата може да биде опасна и бара болничко лекување, честопати на интензивна нега. Најчесто се јавува кај жени, особено во стресни животни ситуации или по емоционални шокови.

Добра вест е дека во повеќето случаи срцето може да заздрави, но пациентите мора да бидат под медицински надзор за да се спречат компликации и повторување на состојбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ