вторник, 28 април 2026

Руски научник: Технологијата сè уште не овозможува траен живот на Марс

Главен научен соработник и раководител на „Вселенска биологија“ во Институтот за медицинско-билошки проблеми на Руската академија на науки Владимир Сичјов изјави дека современите технологии не дозволуваат создавање база на Марс што би можела да функционира целосно автономно без снабдување со ресурси од Земјата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Ако се случи трагедија на Земјата, каде би оделе? Не верувам дека човештвото би можело да се евакуира на Марс, дури и со сите технички средства. Тоа би барало изградба на целосно затворена биосфера, што е невозможно на сегашното ниво на технолошки развој“, изјави Сичјов за РИА Новости.

Според него, сегашната технологија е доволна само за да се стигне до Марс, додека системите за одржување на животот, иако имаат минимални капацитети за регенерација, во голема мера зависат од снабдувањето од Земјата. Тој го спомена и проблемот со заштитата од секундарно зрачење на Марс, кој сè уште не е решен.

Сичјов додава дека фокусот на човештвото на Марс треба да биде потрагата по живот или траги од него од минатото, но дека оваа задача може да ја извршат и автоматизирани вселенски летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ