вторник, 21 април 2026

Руски астроном: Во моментов нема астероиди што претставуваат опасност за Земјата, но потребна е претпазливост

Вишиот истражувач во Институтот за применета астрономија при Руската академија на науките, Николај Железнов, изјави дека во моментов во Сончевиот систем нема астероиди што претставуваат реална закана за Земјата, но предупреди дека вакви објекти би можеле да се појават во иднина.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Според него, астероидите имаат ограничен „животен век“ од околу 10 милиони години, во кој можат да паднат на планета, да завршат на Сонцето или да бидат исфрлени во надворешните делови на Сончевиот систем, објави РИА Новости. Затоа, рече тој, постојаното набљудување на вселената е „неопходно“.

Железнов истакна дека е невозможно прецизно да се предвиди кога би можел да се појави потенцијално опасен објект, но дека судирот меѓу Земјата и астероид е неизбежен во одреден момент во иднина – без разлика дали тоа ќе се случи за 10 или 10.000 години.

Тој нагласи дека постојат методи за спречување на можни катастрофи, пред сè пренасочување на астероидот од патеката на судир. Како пример, тој наведе експеримент од 2022 година, кога вселенско летало удрило во астероидот Диморфос и ја променило неговата орбита.

Научникот заклучи дека е важно реално да се проценат ризиците, со постојано следење на објектите во близина на Земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ