За разлика од класичните облаци од невреме, каде електричното полнење се создава од судири на ледени честички, вулканските облаци се суви и составени од пепел и фрагменти од карпи, што долго време претставуваше загатка за научниците, објави Гардијан.
Ново истражување покажа дека клучна улога има тенкиот слој молекули богати со јаглерод на површината на честичките.
Иако чистите силициумски честички не акумулираат наелектризирање, присуството на јаглероден слој овозможува тоа да се пренесе за време на судир.
Научниците наведуваат дека таков слој може да се формира со загревање, бидејќи во воздухот постојат доволно молекули кои содржат јаглерод.
Во комбинација со топлината и силните струи што се движат нагоре во вулканскиот облак, се создаваат услови за електрични празнења, што го објаснува појавувањето на спектакуларни молњи за време на ерупциите.






