Брендот „Funky Buddha“ се карактеризира со минималистичка естетика и дизајн инспириран од урбаната култура. Брендот е верен на принципите за одржливост и одржлив развој, нудејќи високо квалитетна, удобна и достапна облека со уникатен карактер.
Во новата продавница на „Funky Buddha“ во Дајмонд мол се достапни најновите модели на брендот од сезоната есен-зима 2025 година. Можат да се најдат и многу уникатни модни додатоци, кои се вистинско уживање за љубителите на модните трендови.

Основана во 2005 година, „Altex S.A.“ е модна компанија за дизајн и дистрибуција на облека и модни додатоци. Компанијата има мрежа од над 70 продавници во Грција и Кипар и постепено го шири своето присуство во други земји. Вработува 350 лица и има годишен обрт од 44 милиони евра.
Со новата продавница на уште еден ексклузивен моден бренд Дајмонд мол дополнително ја збогатува својата шопинг понуда и нуди нов урбан шмек во градот.
Комерцијален текст






