понеделник, 18 мај 2026

Истражување покажа дека и позитивните емоции можат да поттикнат желба за храна

Јадењето за утеха е добро познат феномен, но ново истражување покажува дека и позитивните емоции можат да поттикнат прејадување.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Студија на Универзитетот во Лидс покажа дека чувства како возбуда или прослава исто така можат да влијаат врз навиките во исхраната и да го отежнат губењето на килограми.

Анализата на податоците на повеќе од 3.800 учесници во програма за слабеење покажа дека оние кои изгубиле најмногу килограми имале пониско ниво на емоционално јадење, помала желби за храна, подобра контрола врз исхраната и генерално подобро ментално здравје.

Најуспешните учесници во студијата изгубиле повеќе од 10 проценти од својата телесна тежина во првите 12 недели од програмата, слабеејќи во просек 17 килограми.

„Многу луѓе со години се борат со емоционално јадење“

Раководителот на студијата, д-р Џема Тревис-Тарнер, вонреден професор по бихејвиорална медицина, ја нагласи важноста на новите наоди.

„Ова е една од првите големи студии што ги испитува и позитивното и негативното емоционално прејадување“. Професорката ја истакнува важноста на разбирањето на емоционалното прејадување и неговото третирање како вистински проблем во управувањето со телесната тежина.

Како што наведе, многу луѓе се борат со емоционално јадење со години, дури и децении, и чувствуваат значителна вина и срам.

„Околината често погрешно го толкува тоа како недостаток на дисциплина или лакомост, што предизвикува луѓето да страдаат во тишина“, додаде д-р Тревис-Тарнер.

Учесниците кои постигнале најдобри резултати навеле техники кои им помогнале да останат на вистинскиот пат. Меѓу нив се одвлекување на вниманието, чување здрава храна при рака и планирање на оброците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ