„Заев доби метла, па глумеше дека ќе чистел во партијата и Владата, потоа се колнеше дека ќе се реформира, за на крај, сега, во очај да вели дека разбрал што сака народот да му каже. Народот сакаше да му каже, но тој не го слушаше кога со Филипче сакаа да земат провизии од кинеските вакцини.
Народот гласно викаше, ама на Заев не му се слушаше кога Вице рекетираше фирми кои работат во РЕК и мистериозно името му исчезнуваше од кривичните пријави. Заев не го слушна народот кога Рашковски беше фатен како мести тендери, а тој упорно го бранеше дека не е виновен.
Заев не ги слушна скопјани кога викаа дека Шилегов е криминален, дека гради зграда дивоградба, и хациенда на Маврово. Заев не сакаше да го слушне народот ниту кога 14 луѓе живи изгореа и цела држава бараше оставка од Филипче.
Народот се умори од викање по Заев, но тој не го слушна ниту еднаш, нема ни сега, затоа е завршено со Заев. Народот сака промени. И тоа веднаш“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






