Клучни за победата беа кошаркарите од клупата на Оклахома кои максимално ја искористија својата шанса и дадоа огромен допринос за победата.
Почетокот на мечот изгледаше катастрофално за актуелниот НБА-шампион, со оглед што противникот фуриозно стартува и поведе со 15-0. Поради ова, тренерот Марк Дагенолт беше принуден рано да реагира и веќе по три минути да внесе резервисти за да донесе енергија и промена во ритамот.
Резервните играчи на Оклахома постигнаа неверојатни 76 поени, што е нов рекорд во конференциско финале откако во 1984 година е воведен плејоф-форматот со 16 екипи. Претходниот рекорд го држеше ЛА Лејкерс со 69 поени од 1985 година. По лошиот старт, првакот постепено ја презеде контролата, па гостите на полувреме веќе водеа со 58-51, а во третата четвртина целосно го скршија отпорот на домаќините, стигнувајќи и до плус 13. Оклахома во последниот период рутински ја одржуваше двоцифрената предност и без драма стигна до важен брејк.
Најефикасен на натпреварот беше Шеј Гилџес-Александер со 26 поени, додека огромен придонес дадоа и Меккен со 24, Џејлен Вилијамс со 18 и Алекс Карусо со 15 поени. Кај Сан Антонио, Виктор Вембанјама постигна 26 поени, а Девин Васел додаде 20.
Четвртиот натпревар од серијата повторно ќе се игра на теренот на Сан Антонио, каде тимот од Тексас ќе се обиде да израмни.






