сабота, 23 мај 2026

Честитка од претседателката Сиљановска по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет, се вели во честитката на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова по повод Националниот ден на Власите, 23 Мај.

Објавено на

часот

Сподели

„Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство  на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби.

Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права.

Има ли поголема потврда за демократската зрелост на македонскиот политички систем, како и за инклузивноста на македонското општество кон сите заедници?

Со својот сестран општествен придонес, Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле!

Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите! Вечен да е!“, честиташе Сиљановска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ