петок, 22 мај 2026

Стојановски со хет-трик му донесе опстанок на Спартак во последното коло

Македонскиот фудбалер, Георг Стојановски, кој настапува во бугарското првенство, на одличен начин ја заврши сезоната со Спартак Варна.

Објавено на

часот

Сподели

Во последното коло, Спартак Варна го совлада Локомотив Софија со 3-0, а сите три гола беа дело на 22-годишниот поранешен фудбалер на Вардар, Тетекс, Хата, Работнички и Шкупи. Резултатот го отвори во осмата минута, на 2-0 зголеми во 30., а точка стави во 62. минута. Ѓоко Хаџиевски го извади од игра пред истекот на основниот дел за да добие аплауз од домашната публика.

Со денешните три гола, Стојановски ја заврши сезоната со осум погодоци, како прв стрелец сезонава за Спартак и 14. во бугарското првенство, а додаде и три асистенции.

Она што е најважно, со денешните три гола, македонскиот напаѓач му донесе опстанок на Спартак кој го искористи ремито на Септември и за еден бод го помина на табелата, освојувајќи го 12. место, па нема да игра ни бараж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ