сабота, 23 мај 2026

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од Адам, Марко и Петар

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци.

Објавено на

часот

Сподели

Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го средното образование.

„Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во којаме ги загубив нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите. Срцето на Карев денес плаче. Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано. Изразуваме најискрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските. Нека почиваат во мир“, објавија од СУГС „Никола Карев“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ