„Термоелектраните немаат јаглен. А немаат затоа што власта само брка тендери, а не се грижи за механизацијата во РЕК.
Директорот на МЕПСО кажа дека во изминатиов месец државата трошела дупло повеќе струја отколку што произведувала. 1/3 од струјата која недостасувала буквално е преземана од европскиот заеднички систем.
Како последица на таквото преземање и самиот директор на МЕПСО кажа дека само за еден месец претпријатието ќе треба да исплати 15 милиони евра кон странство, што е половина од парите кои се како добивка на МЕПСО на годишно ниво, со што ќе биде загрозена ликвидноста на МЕПСО. Власта е неспсобна да се справи со енергетската криза, и треба да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Со почит,






