понеделник, 18 мај 2026

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните со празни ветувања

Објавено на

часот

Сподели

„Сите податоци говорат дека со СДСМ платите растат многу побрзо. СДСМ со своите прецизно утврдени мерки за поддршка на економијата обезбеди и во време на една од најголемите здравствени и економски кризи во историјата на човештвото, просечната плата во периодот од август 2020 до мај 2021 да се зголеми е за 4,3% повеќе. Денес, просечната плата е речиси 5.000 денари повисока во однос на 2017 година.

Граѓаните знаат дека СДСМ работи посветено за зголемување на животниот стандард, за враќање на парите кај граѓаните, за раст на платите во сите сектори, и добро се сеќаваат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на минималната плата, против помошта да завршува кај граѓаните за време на кризата.

Граѓаните не им веруваат на истите тие луѓе кои 11 години ја држеа државата во режим, владееја со криминал и корупција, а  парите на граѓаните ги користеа за лично богатење“, пишува во реакцијата од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ