понеделник, 18 мај 2026

СДСМ: Рекордно прво полугодие во ТИР зоните

Објавено на

часот

Сподели

„Два нови договори влегоа во процедура на формално одобрување во ТИРЗ, за компанијата Дура која ја проширува инвестицијата во трета фаза и Витек која инвестира во втора фаза. Овие инвестиции се во вкупна вредност од 40 милиони евра, со што заклучно со нив во првите шест месеци имаме склучени договори во износ 105 милиони евра. Со овие инвестиции се отвораат 1.850 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а предвидено е во државната каса да се слејат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка.

Паралелно, во овој период течат преговори со 30 компании за инвестиции вредни над 400 милиони евра. Забележано е и значително покачување во однос на просечниот број на вработени, односно имаме речиси 50% зголемување во последните 5 години. Во зоните има вкупно 14.230 вработени во овој момент.

Сите овие податоци покажуваат дека домашната економија е заздравенам дека можеме да зборуваме за нови стапки на економски раст. Како одговорна, државотворна партија, продолжуваме со мерки и политики што носат нови инвестиции, нови работни места и повисок квалитет на животот на сите“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ